понеделник 3 ноември
Годинава економски раст од 5 отсто
Стапката на економскиот раст годинава не се очекува да биде пониска од околу пет отсто. Ова го најавија вицепремиерот за економски прашања Зоран Ставрески и министерот за економија Фатмир Бесими,
на вчерашната прес-конференција за постигањата на Владата во економскиот сектор во првите 100 дена од нејзиното работење.
Стапката на бруто-домашниот производ во изминатите два квартала изнесувала шест отсто. Просечната исплатена нето-плата во текот на третиот квартал од годината била околу 9,5 до 10,5 отсто повисока, споредено со истиот период лани.Вицепремиерот најави дека до крајот на годината се очекува вкупната вредност на странските инвестиции да достигне до 450 или 500 милиони евра.
|