Комисии на ЕБА
Годишна програма
Активни членови
Барање за членство
 
Европска Бизнис Асоцијација
Македонија © 2008

Понеделник, 25 јануари 2010

Дебатата во рамките на Европскиот клуб "Македонија во 2010"

Скопје, 22 Јануари 2010 Интензивирање на активностите  зa решавање на отворените политички прашања од страна на државните институции, во насока на забрзување на евроатланските процеси, а со цел добивање на Членство во НАТО и добивање на датум за преговори за членство во ЕУ се фактори кои директно ќе влијаат во позитивна насока за развојот на македонската економија. Оттука тие треба што побрзо да се остварат. Ова се генералните очекувања на компаниите, членки на Европската бизнис асоцијација (ЕБА), искажани на дебатата "Mакедонија во 2010" во рамките на Европскиот клуб.

Според македонските компании ефектите од светската криза сеуште имаат влијание врз економијата. Како резултат на кризата се соочуваат со намалена наплата на побарувањата, а сеуште скапите кредити дополнително ја отежнуваат ситуацијата и негативно влијаат врз ликвидноста на компаниите. Компаниите членки на ЕБА, бараат и поголема флексибилност од сите надлежни институции во услови на криза и обезбедување на сите политички предуслови за подобрување на економската состојба, од кои примарни се членството во НАТО и датумот за преговори за членство во ЕУ.

На дебатата “Македонија 2010” учествуваа и амбасадорот на САД, Филип Рикер, амабасадорот на Европската Унија во Македонија, Ерван Фуере, заменик амбасадорот на Кралството Шпанија, Марија Анхелес Гарсија Де Лора, државниот секретар во Секретаријатот за европски прашања, Јован Андоновски.

Во своите излагања во рамките на дебатата на Европскиот клуб “Македонија 2010” тие го потенцираа значењето на решавање на сите отворени прашања, за што подобро интегрирање на Македонија во НАТО и отпочнување на процесот на преговори со Европската Унија.

Претседателот на Европската Бизнис Асоцијација д-р Гунтер Офнер истакнувајќи ја важноста на овие процеси за Македонија, го истакна значењето на ЕУ за земјите членки, кои заеднички се обидуваат да најдат решение за побрзо опоравување од светската економска криза.

Европскиот клуб, во рамките на ЕБА постои од 2008 година и тој претставува платформа за размена на мислења и интеракции помеѓу бизнис секторот и владините институции, претставници на бизнис заедницата, Владата, Парламентот и други институции од земјава.

WBStorage/Files/Remarks of Ambassador Philip Reeker at EU club.doc

апликација за членство