NEWSLETTER, ЈАНУАРИ 2008
Индекс на економски слободи 2008 Фондацијата “Херитаџ” ја спроведе традиционалната анкета “Индекс на економска слобода” за 2008 во 162 земји. Подолу се прикажани резултатите за Р. Македонија во 10 релевантни категории во однос на економската слобода.
Земја: Р. Македонија Година: 2008 вкупна проценка: 71 вкупен број на поени: 61,13 бизнис слобода: 65, 09 Трговска слобода: 83, 4 фискална слобода: 88, 1 големина на Влада: 61, 55 монетарна слобода: 85,48 Слобода на инвестирање: 50 финансиска слобода: 60 права на сопственост: 30 Слобода од корупција: 27 трудова слобода: 60, 7
Комисијата предложува мерки за прекугранично инвестирање на здружени капитални фондови
Со цел да ја финансира и стимулира иновацијата на малите и средни претпријатија, Европската Комисија предложи мерки за поддршка на прекугранични инвестиции на. До сега, здружените капитални фондови, кои се од витално значење за финансирање на мали иновативни компании кои се во подем, се соочуваа со премногу проблеми при надминувањето на различните национални регулации за прекугранично обезбедување на средства и инвестирање. Поради тоа тие честопати не допираат до потребната критична маса. Затоа Европската Комисија поддржува широко партнерство со и меѓу земјите- членки стремејќи се кон заемно признавање на актуелните национални рамки.
Водечка пазарна иницијатива за отварање на иновативните пазари
Европската Комисија предлага отварање на пазарниот потенцијал за иновативни добра и услуги преку отстранување на пречки кои ја отежнуваат иновацијата во првата група на шестте значајни пазари: е- здравје, превентивен текстил, одржлива конструкција, рециклирање, био – производи и обновливи енергетски извори.
Овие пазари со висока економска и социјална вредност остваруваат годишен обрт од повеќе од 120 билиони евра и 1,9 милиони работни места во ЕУ. Со оваа иницијатива тие би можеле да се зголемат на сума над 300 билиони евра и на повеќе од 3 милиони работни места во ЕУ до 2020.
Европа мора да ги развие иновативните пазари постратегиски, создавајќи услови за олеснување на рекламирањето на иновативните производи и услуги. Водечката пазарна иницијатива препозна појава на пазари кои многу ветуваат и во чии рамки Европската Унија има потенцијал да стане светски лидер при што инто е потребно координирано дејствување.
“Водечката пазарна иницијатива за Европа” предложена од Комисијата на 7 јануари, ја поттикна појавата на овие пазари со значително подобрување на законодавството, охрабрувајќи јавна набавка и развивање на меѓуоперативни стандарди. Европските претпријатија би профитирале од подобрените фер можности за влез на новите светски пазари кои се во подем, со тоа што би имале конкурентна предност да влезат како водечки производители. “Водечката пазарна иницијатива за Европа” исто така во најбрзо време би придонела за видливи бенефиции кај европските потрошувачи во области клучни за нивната благосостојба.
Европскиот парламент го поддржува предлогот да се намали документацијата за 300.000 транспортни компании, притоа заштедувајќи 160 милиони евра
На 16-ти јануари, Европскиот парламент го усвои предлогот на Европската Комисија за отстранување на непотребните оптоварувања на транспотрните компании. Товарните возила повеќе нема да мораат да носат одделни документи за транспорт во кои се назначени граничните премини, патиштата и оддалеченоста при патувањето. Освен тоа, оваа иницијатива ги рационализира и застарените барања за извештај кои датираат од 1960 година и дозволува информации за транспортниот проток, како што се име и адреса на испраќачот, содржина и тежина на стоката, како и местото каде што таа треба да биде доставена, да бидат обезбедени преку други расположиви средства.
Намалувањето на административното оптоварување е клучен елемент за подобрување на бизнис климата и исполнувањето на амбициозните Лисабонски цели на Европската Унија. Поради тоа, Комисијата ја поздрави поддршката на Европскиот парламент за непречено усвојување на оваа иницијатива, притоа отстранувајќи непотребни информации за околу 300.000 европски транспортни компании, со што ќе се заштедат 160 милиони евра годишно.
Предлогот исто така ги ускладува останатите барања за информации со одредбите од постоечките меѓународни конвенции, олеснувајќи ги можностите на транспортните компании, така што им дозволува да користат поедноставни средства за документација. Ова упростување се однесува на повеќе од 300.000 транспортни компании ширум Европа, меѓу кои повеќето се мали и средни претпријатија. Оваа иницијатива е во рамките на Акционата програма која има за цел да го намали административното оптоварување во бизнис сферата во ЕУ за 25 % до 2012 година.
Прв состанок на Експертската група на тема административните оптеретувања, претседавач: Едмунд Штојбер
Експертската група за административни оптеретувања го одржа својот прв состанок на 17-ти јануари. Групата дискутираше на кој начин најдобро да ја поддржи Комисијата во имплементацијата на Акционата програма за намалување на административните оптоварувања и донесе одлуки за процедуралните аспекти на нејзината работа.
Експертската група се состои од 15 експерти, претседавачн на групата е Едмунд Штојбер. На експертската група ќе & биде доставен извештај од Комисијата за постигнатата работа до сега во оваа област:
- Начинот на имплементација на првиот пакет на т.н акција за брзи камиони усвоена во 2007 година која има за цел намалување на бирократијата за 1,3 билиони евра. До сега, 5 од 10 активности веќе беа формално усвоени. Другите се веќе во тек и треба да бидат усвоени во следните месеци.
- Напредок во работата на конзорциумот кој моментално го привршува планирањето и изготвувањето на мерки за административното оптоварување во рамките на ЕУ. - Исто така, Експертската група имаше прва размена на мислења за вториот пакет на активности за брзи камиони кој треба да биде предложен од Комисијата во текот на 2008 и како најдобро таа може да даде придонес со своите искуства при изготвувањето на пакетот и погенерално, како најдобро да ја промовира амбициозната програма.
Потпретседателот на Комисијата, Гунтер Верхојген, одговорен за претприемништво и индустрија, изјави: “Чест ми е што ја промовирам работата на оваа значајна група, бидејќи таа ќе игра решавачка улога во напредувањето на Акционата програма за намалување на административните оптоварувања. Експертизата на нејзините членови ќе & овозможи на Комисијата да го забрза нејзиниот план за олеснување на работењето на претпријатијата & ќе осигура фокусирање на нашите напори во областите каде што намалувањето на административното оптоварување може да направи голема разлика.”
Едмунд Штојбер, претседател на Експертската група, изјави: “Мотото на намалувањето на административното оптоварување мора да биде што помалку законодавство. Европа мора да им дава приоритет на идеите и иновациите без бирократски “стоп” знаци. Ако успееме во тоа, ќе го поттикнеме и економскиот пораст.”
Едмунд Штојбер истакна дека групата ќе даде храбри предлози во поглед на фундаменталното ограничување на бирократијата во Европа. Административните трошоци и временската загуба кои се резултат на административното оптоварување, ќе мора значително да се намалат, ако Европа и нејзините земји- членки сакаат да останат во чекор со глобализираната економија.
Групата има 3-годишен мандат. Нејзина задача е советување на Комисијата при имплементацијата на Акциониот план за намалување на административното оптоварување наметнато од законодавството на ЕУ. Амбициозната програма презентирана од Европската Комисија минатиот јануари и одобрена од Европскиот Совет во март 2007 има за цел да ги намали административните оптоварувања во бизнис сферата во ЕУ за 25 % до 2012 година.
“Европскиот клуб” во Република Македонија “Европскиот клуб” во Република Македонија беше основан во 2008 година од Европската Бизнис Асоцијација. Првата средба со која се одбележа и отворањето на “Европскиот клуб” се одржа на 22 јануари во Мулти Бизнис Центарот, на Скопски Саем. Во оваа прилика, на темата насловена “Каменитиот пат до ЕУ, искуства и очекувања”, гости-говорници беа: д-р Герхард Бауер, генерален секретар на Австриското друштво за европска политика, Виена и г. Кристијан Вершуц, кореспондент на ОРФ во Белград.
Втората отворена дебатна сесија на “Европскиот клуб” се одржа на 1 април 2008 со почеток во 14.00 часот во МБЦ, на Скопскиот Саем. Во оваа прилика, на темата насловена “Словенечкото претседателство со ЕУ, планови и резултати”, гости-говорници беа Н.Е. Амбасадор Ерван Фуере, Шеф на Мисијата на ЕУ во Република Македонија и Н.Е. Алан Брајан Бергант, Амбасадор на Република Словенија.
“Европскиот клуб” во Република Македонија е отворен за пошироката јавност. На досегашните средби учествуваа претставници од парламентот, претставници на многубројни компании, како и професори од повеќе универзитети.
Главната цел на “Европскиот клуб” во Република Македонија е снабдување на учесниците со веродостојни информации и подигање на јавната свест преку плодни дискусии на релевантни теми, особено поврзани со идното членство на Р. Македонија. На Р. Македонија и беше доделен статусот земја-кандидат на 17 декември 2005. Од тогаш, земјата е на својот пат кон ЕУ, очекувајќи наскоро да добие датум за започнување на преговорите.
Мрежата на Европскиот клуб е начин за поврзување на луѓето. Различни партнери од институции и претпријатија од земји- членки на ЕУ и од други земји, кои се заинтересирани за спонзорирање и соработка се добредојдени.
Светски Економски Форум 2008
Моќта на соработката при иновацијата 23 – 27 јануари, Давос, Швајцарија
Годишната средба на Светскиот Економски Форум во Давос на едно место ги собра повеќето од најмоќните светски личности во еден неформален амбиент. Во 2008, економските предизвици со кои се соочува светот заземаат централно место во дискусиите. Програмата се базираше на следните 5 столба:
- конкурентност при соработката
- економската несигурност
- хармонизирање на интересите и покрај разликите
- истражувањ е на новите природни граници
- разбирање на идните промени
На годишниот петдневен собир на швајцарските Алпи учествуваа над две и пол илјади успешни и влијателни луѓе. Но годинава, сјајот на форумот беше во сенка на предвидувањата дека глобалната економија се движи кон рецесија.

Давос 2008 беше отворен со обраќањето на американскиот државен секретар Кондолиза Рајс. Во Форумот меѓу другите учество земаа Ал Гор, нобеловец кој се бори против климатските промени, Первез Мушараф, контроверзен претседател на Пакистан, генералниот секретар на Обединетите Нации Бан ки Мун и претседателот на Мајкрософт Бил Гејтс. Организаторите на Светскиот економски форум енергично демантираат дека форумот е само уштен гала настан. Тие истакнуваат дека Форумот е една од ретките прилики каде што експертите дискутираат за изнаоѓање на најдобри начини за справување со проблемите.
Портпаролот на собирот Марк Адамс изјави дека по завршувањето на разговорите, решенијата и заклучоците од Форумот практично се спроведуваат.
“На 50.000 ученици во Јордан им дадовме компјутери. Истото го сторивме за 2,5 милиони деца во Египет, неколку африкански села снабдивме со електрична енергија, покренавме проект против сидата во Кина.”
Начинот на кој се постигнува сето ова, според Адамс, е уникатен за Давос. Светскиот економски форум на заедничка маса ги седнува владите на оние земји на кои им е потребна помош и фирмите кои ја обезбедуваат истата, преку производство на лекови, компјутери итн.
“Мислам дека луѓето не сфаќаат дека Давос е годишен собир на организација која е активна преку целата година, спроведувајќи иницијативи во областа на здравството, образованието, енергетиката.”

Годинава, освен проблемите со светските берзи, главна тема на разговор беше и водата, односно како правилно и штедливо да се користат водните ресурси на Планетава.
“Имаме голема надеж во Давос, бидејќи од финансиски аспект, ние ги охрабруваме министрите да ги увидат предностите во инвестирањето во технологии за подобро користење на водата.”
Двојно зголемен извозот во земјите-членки на ЦЕФТА
Извозот на македонски производи во земјите- членки на ЦЕФТА е двојно зголемен во рок од една година и достигнал околу 900 милиони долари, што е за 300 милиони повеќе во споредба со 2006. Трговската размена бележи суфицит од над 350 милиони долари. Со влегувањето во ЦЕФТА, пазарот на кој може да се пласираат домашните стоки без царински ограничувања е зголемен за 15 пати и има над 30 милиони потрошувачи. На пазарите на земјите- членки на ЦЕФТА македонското стопанство најмногу извезува земјоделски производи, нафтени деривати, хемиски и текстилни производи, како и неметали.
ЦЕФТА е исчекор на Македонија во однос на регионалната соработка и евроатлантските процеси. Со приспособувањето кон регионалните пазари, македонските компании практично се подготвуваат за европскиот пазар кој е во голема мера пребирлив. Македонија, како мала економија, треба да се бори за поголема либерализација, зашто тоа е во интерес на домашните фирми. Пред стапувањето во ЦЕФТА, македонското стопанство се плашеше од конкуренцијата во регионот, но тој страв се покажа како неоснован. Сепак, треба да се надминат уште некои проблеми, како што е сертифицирањето на производите. Експертите сметаат дека за надминување на актуелните проблеми кои произлегоа од ЦЕФТА неопходна е современа логистика, посебно во делот на царината. Царинските служби мора електронски да се поврзат, а нужна е и електронска обработка на податоците. ЦЕФТА ја наметнува и потребата од поефикасна соработка на царинските служби во сите земји опфатени со договорот. Стопанската комора останува на својот став дека Македонија не треба да се плаши од асоцирањето во ЦЕФТА и дека создавањето на заеднички пазар во регионот е вистинска потреба на стопанството.
Македонското стопанство во земјите од Западен Балкан лани лансираше над една третина од вкупниот извоз, а увезе помалку од 12 %. Во остварениот суфицит предничи Србија со најголем обем на размена од 974 милиони долари. Извозот изнесува 573 милиони, а увозот 400 милиони. Суфицитот достигна сума од 173 милиони долари.
Значаен трговски партнер за нашата земја е и Косово. Македонија минатата година од извоз на Косово реализираше 214 милиони евра, што е 15, 8 % од вкупниот увоз на покраината. Косово, пак, во земјава пласираше 14, 8 милиони евра или 11, 07 % од вкупниот извоз.
Македонија во наредните четири години ќе добие 280 милиони долари од Светска банка
Македонија и Светска банка се договорија во текот на 2008 година да се реализираат четири нови проекти во вкупен износ од 175 милиони долари. Најголем ќе биде проектот за изградба на локални и регионални патишта вреден 100 милиони долари, што претставува најголемо вложување во регионалната и локалната инфраструктура во историјата на Македонија. „По 25 милиони долари се предвидени за проектите за условени готовински трансфери, за развојни политики и за зајакнување на капацитетите на општините”, изјави вицепремерот Зоран Ставрески по средбата со Џејн Армитиџ, директорката на Светска банка и регионален координатор за Југоисточна Европа.
Според Ставрески, со проектот за условени готовински трансфери се предвидува поддршка со готовински средства за македонските семејства кои примаат социјална помош за праќање на нивните деца во средно училиште во првата фаза, а во втората фаза од проектот и за редовни здравствени прегледи на децата од училишна и предучилишна возраст. Средствата од овој проект е предвидено да ги добиваат мајките во семејствата. „Се очекува до крајот на мај годинава Бордот на директори на Светска банка да го одобри заемот, а за следната година се предвидува реализација на проекти со Светска банка за развој не енергетскиот сектор”, изјави Ставрески.
Џејн Армитиџ истакна дека во наредниот четиригодишен период за Македонија се предвидени заеми во износ од 220 милиони долари кои можат да бидат зголемени за уште 60 милиони долари. Заемите, како што рече, се со одреден грејс период, период на враќање од 15 до 16 години и камати.
„Македонија е рангирана од СБ меѓу десетте најдобри земји во однос на инвестициската клима и деловното опкружување. Ние сакаме да ја поддржиме Македонија да стане членка на ЕУ, но конкретно се фокусираме да и помогнеме на земјата преку подобрување на инвестициската клима и намалување на сиромаштијата”, рече Армитиџ.
|