Комисии на ЕБА
Годишна програма
Активни членови
Барање за членство
 
Европска Бизнис Асоцијација
Македонија © 2008
АКТИВНОСТИ|Годишна програма

1. Активности и услуги

Сите активности и услуги на Европската Бизнис Асоцијација треба да ги исполнат целите на асоцијацијата, да се фокусираат на заедничкиот и поединечниот интерес на веќе постоечките и потенцијалните членови на ЕБА.
 
Главни активности на ЕБА се следните:

  • Лобирање и претставување на интересите на членовите на сите владини нивоа, како и пред организациите и институциите на ЕУ;
  • Подготовка и елаборирање на документирани Position Papers кои што ќе претставуваат основа за лоби-активности во врска прашања од сферата на економијата, социјалата, работните односи, и легислативата;
  • Учество во креирањето на насоки на ЕУ и соработка со ЕУ и Владата на РМ во врска Договорот за стабилизација и асоцијација;
  • Организирање и учество во business events во земјата и ЕУ.
Основни услуги на ЕБА - кои се вклучени во генералниот бенефит на членовите се:   

  • лоби активности,
  • 3-месечен информатор,
  • консултација, поддршка, информација,
  • презентирање на заедничките интереси,
  • остварување контакти за време одржување на разни настани,
  • јавни кампањи,
  • организирање на колективни акции,
  • организирање на networking.
Дополнителни услуги на ЕБА - комерцијална понуда за услуги за членовите и останати за определен надомест:
  • бизнис контакти за локалните фирми со партнери од ЕУ и обратно,
  • тренинг курсеви, workshop-ови, конференции, списанија,
  • учество во трговски мисии,
  • business настани.
За членовите на ЕБА, основните активности и услуги на ЕБА ќе бидат бесплатни. Фирмите кои не се членови исто така ке имаат бенефит од активностите на ЕБА и тие ќе можат на сопствено барање и со определен надомест да добијат определена услуга од ЕБА.

ЕБА треба да изработи Ценовник за целокупната лепеза на активности и услуги. Ценовникот треба да содржи информација за: назив на услугата (приоритетна листа на услуги), целна група, основни/дополнителни услуги, цленови/не-членови, колку често и кога се обезбедуваат.

По првата година од своите активности, ЕБА треба да изработи Прирачник за услуги со цел да го стандардизира процесот на давање услуги, воспоставување стандарди на квалитет, цели, очекувани резултати, идентификување на одговорностите на лицата определени за давање на услугите, основни активности потребни за давање на услугите, планирање, имплементација, follow up, развој на системот на давање услуги, временска рамка, други лица кои ќе бидат вклучени во работењето и подготовка на пропратна документација (примери, буџет итн.).
 

2. Лоби активности

ЕБА ги смета лоби активностите за детален, долгорочен пристап што вклучува собирање информации, идентификација на заеднички решенија, влијание на јавното мислење, оформување на сојуз со други институции кои што имаат заеднички интерес, презентирање на преферираните солуции пред владините институции на соодветен начин.
 
А. За секоја поединечна лоби-активност, ЕБА ќе ја применува следната процедура:

  • Селектирање на предмет и цел за кои е потребно лобирање од страна на ЕБА (стратешки интерес на мнозинството на членовите на ЕБА);
  • Идентификување на ефикасен извор на информации во врска разни прашања;
  • Обезбедување експертско мислење во врска определено прашање
  • Идентификување на главните цели (министерства) кон кои ќе бидат насочени лоби активностите;
  • Идентификација на други бизнис асоцијации/групи во цивилниот сектор со компатибилни интереси и остварување соработка со истите;
  • Креирање на листа од одговорни лица кои ќе бидат константно информирани за работењето на ЕБА;
  • Идентификување на медиуми и новинари кои редовно известуваат во врска определеното прашање;
  • Започнување со лоби активности во врска прашања кои се релативно лесни за обработка со цел остварување почетен успех;
  • Јавно објавување на секој успех во поглед на лобирањето кај своите членови, не-членови и јавното мислење;
  • Подготовка на детален план за лобирање (предмет, тајминг, кој, каде, кога, како итн.).
Есенцијално за целокупната стратегија на ЕБА, како и за лоби-активностите, е да се создадат и елаборираат Position Papers во врска економскиот развој, други економски и финансиски прашања, работни односи, социјални, еколошки и други прашања од интерес на ЕБА.

Погоре-споменатите Position Papers треба да се изработат во согласност со одредбите од Договорот за Стабилизација и Асоцијација и истите треба да содржат определени сугестии до Владата со цел подобрување на економската и фискалната политика како и бизнис атмосферата во земјата.

Сугестиите на ЕБА треба да обезбедат основа за помош на економските и бизнис развојните програми на странските донатори, а посебно на релевантните организации од ЕУ. Креирањето на проектите и нивно поднесување до ЕУ и до Владата, кон развивање и подобрување на бизнис атмосферата и секторот на мали и средни претпријатии во земјата, е еден од главните приоритети на ЕБА.

3. Учество при процесот на креирање на ЕУ стратегијата

Основање на ефективни работни односи со Европската Комисија и заземање учество при креирањето на стратегиите на ЕУ преку оставарување на добри работни односи со Делегацијата на ЕУ во Скопје, Амбасадите на земјите членки на ЕУ, но и со Европската Комисија и земјите членки на ЕУ. Учество во заеднички работни групи и комитети на Владата и ЕУ.

Соработка со Делегацијата на ЕУ во Скопје за прогресот на имплементирање на Договорот за Стабилизација и Асоцијација помеѓу Владата и ЕУ.

4. Предлог активности за 1-та година од работењето на ЕБА

Покрај веќе постоечките активности за лобирање, ЕБА би можела ефективно да работи и на следниве полиња:

  • Изработка и елаборација на добро документирани position-policy есеи (не помалку од 2) на теми од економскиот развој како и за процесот на приближување на Македонија кон ЕУ;
  • Промоција и претставување на овие документи пред релевантите владини сектори како и претставници на ЕУ. Промоцијата на овие документи понатаму би требала да добие широка јавна презентација од релевантните институции и медиуми;
  • Учество на национални и интернационални бизнис настани и конференции со цел да се промовира ЕБА, нејзините цели и активности;
  • Учество на Годишната конференција на Европските Бизнис Асоцијации (ЕБО) во организација на DG Enterprise во Брисел (17 и 18 Ноември 2004),
  • Организирање на најмалку 2 настани годишно во соработка со Делегацијата на ЕУ во Скопје и Владата: презентации, семинари, тркалезни маси со теми како на пр. "Членството во ЕУ и неговите импликации на бизнисите во земјата", "Влијанието на Договорот за асоцијација и стабилизација врз бизнис-општеството во РМ" итн.
  • Изработка на Календар за организација на неколку настани 
    - Новогодишен коктел,
    - ЕБА Corporate тениски турнир,
    - Традиционален 2 месечен работен ручек со членовите, а во врска определена тема,
    - Традиционална 2 месечна вечера со претставување определена земја членка на ЕУ под покровителство на амбасадата на истата во РМ
  • Креирање на Бренд ЕБА,
  • Дефинирање на организационата шема на ЕБА
    - Креирање на работни комисии
    - Компании-застапници на ЕБА низ неколку градови во Македонија.
  • Организирање на меѓународни настани (конференции, советувања, тркалезни маси) за најважните индустрии (сектори) во Македонија. Овие настани би можеле да се организираат паралелно со некои од саемите. За следната година најинтересните настани би можеле да се организираат во следниве сектори:
  • Енергетика - Организација на средби паралелно со саемот за Енергетика 01-05. 03. 2005, 3 от Меѓународен Саем за Енергетика, Ефикасни Еколошки и Економски Технологии и Опрема.
    Од следната година се смета дека секторот Енергетика ќе биде приоритетен поради планираниот процес на приватизација на ЕСМ. Според очекувањата се смета дека интересот на странските инвеститори ќе биде огромен. Во соработка со Министерството за Економија, Министерството за Екологија и Планирање, Секторот за ЕУ интеграции како и Делегацијата на ЕК во Скопје би можело да се организира конференција за презентација на легислативата и процесот на приватизација на ЕСМ.  На оваа конференција би биле поканети учесници од Франција, Германија, Италија, Грција како и од други земји членки на ЕУ. Во текот на оваа конференција би можело да се организираат и поинтезивни средби и разговори со заинтересираните страни и потенцијални инвеститори.
  • Прехрамбрена Индустрија - Организација на Меѓународна Бизнис Конференција за времетрањето на Саемот за прехрамбрена индустрија (Агрофоод), 07-11. 06. 2005, 31 Меѓународен Саем за Храна, Пијалоци, Тутун, Земјоделие и Вино.
    Прехрамбената Индистрија и Земјоделството се едни од најперспективните сектори во македонската економија, но и најинтересни за странските инвеститори. Можно е ЕБА да организира регионална средба со гости од Бугарија, Грција, Италија, но и од другите соседни земји со цел да се запознаат со перспективите во овој сектор.
  • Металургија и Градежништво - Организација на Меѓународна Бизнис Конференција за времетрањето на Технома, 18-22. 10. 2005.
  • Креирање на web-site на ЕБА и негово редовно одржување
    Сајтот на ЕБА би требало да биде примарно средство за комуникација. Секој вид на комуникација со пошироката јавност би требало да се извршува преку веб-сајтот на ЕБА. Тој би требало да нуди широк спектар на точни и тековни информации за ЕБА и активностите кои таа ги превзема. Сајтот би требало да има и простор за фидбек од бизнис-круговите и пошироката јавност. На овој сајт се планираат линови кон повеќе организации ширум светот, но и линкови кон компаниите членки на ЕБА.
5. Соработка со Организацијата на Европските Бизнис Асоцијации (ЕБО) на светско ниво и извршување на активности во согласност со Акциониот План 2006 - 2011 изготвен од страна на ЕУ (DG Enterprise, Unit A2).

Можеби една од најважните активности на ЕБА ќе биде воспоствуање на перманентни контакти со Бизнис Организациите во земјите членки на ЕУ но и со другите Европски земји. Затоа во текот од првата година од работењето на ЕБА е пожелно да се воспостави контакт со слични организации во соседните земји. 

Основна задача и цел на ЕБА ќе биде своето работење да го усогласи согласно Акциониот План 2006 - 2011 изготвена од страна на EU (DG Enterprise, Unit A2).

Главната цел на предложената програма во Акциониот План 2006 - 2011 изготвена од страна на EU (DG Enterprise, Unit A2) е:

Да се подигне свеста за трговскиот потенцијал на (проширената) ЕУ во трети земји членки на ЕБО, што евентуално би значело подобрување на комуникацијата помеѓу партнерите, понатамошно развивање на трговските односи, но и за заеднико подобрување на трговската размена помеѓу ЕУ и трети земји преку асистирање на компаниите од ЕУ во тие земји.

Исполнувањето на целите и задачите предвидени со Акциониот план 2006 - 2011 ќе се остваруваат со воспоставување на блиски односи помеѓу Комисијата и ЕБО со цел да се подигне свеста за приоритетите и активностите на ЕУ, што би ја подобрило основата за понатамошен развој и имплементација на стратегиите на ЕУ, но и би ја  промовирала ЕБО во рамките на Комисијата, поблиска соработка на асоцијациите членки во ЕБО за специфични проблеми, како и подобро разбирање на позицијата на европските бизниси преку партиципација на владини претставници од земјите членки на ЕБО на годишните состаноци, подигање на свеста за ЕУ и нејзините специфични пораки за трговијата и останатите полиси како и градење на односи со медиумите за ЕБО на локално ниво, подобро запознавање на Владата и на стопанските гранки во секоја од земјите членки на ЕБО со теми како: легилативата на ЕУ, економските и трговските стратегии на ЕУ итн.
апликација за членство