Комисии на ЕБА
Годишна програма
Активни членови
Барање за членство
 
Европска Бизнис Асоцијација
Македонија © 2008

среда 26.ноември 2008

Годишно Собрание на ЕБА

Вчера, на 25.11.2008 се одржа годишното собрание на БА за 2008 година. Во работниот дел на собранието едносгалсно беа усвоени:

  • Завршната годишна пресметка за финанското работење на ЕБА за 2007 година. 
  •  Беше избрана незавсина ревизорска фирма за ревизија на годишната сметка на ЕБА за 2008год.
  • Беа избрани два нови членови на упрвниот одобро на ЕБА
    Трајче Николовкси и
    Светозар Јаневски
  • Усвоен беше извештајот за работота на ЕБА за 2008 година
  • Усвоен беше буџет за 2008/2009 на ЕБА

    По работниот дел на собранитеп, се обратија :

    г-дин Фатмир Бесими, Министер за економија на РМ
    г-дин Борис Цизељ, SBRA-Slovenian Business&Research Association
    г-дин Андреја Стојковски, Македонски центар за европско образование

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Соопштение  за  јавност 

На  Покана од  European Business Association, Скопје – по завршувањето на

годишното Собрание , во МБЦ  на Скопски саем , ( 25 ноември 2008 ) ,  проф.др.Борис Цизељ, Претседател на Управата на словенечко лобистичкото Здружение во Брисел ( Slovenian Business&Research Association-SBRA) , и Претседател на Лоби Групата на новопримените членови на ЕУ , одржа предавање  на тема : Застапување на македонските интереси во Брисел.- начини и можности .
Во своето излагање , проф.Цизељ , ги  презентираше можностите за користење на  среставата од ЕУ , посебно  срествата од  “ Програмата на  заедницата “ (Kомунитарна програма )  за која директно се  пријавуваат заинтересираните  до Европската Комисија во Брисел , а за која ЕУ годишно ангажира  околу  15  милијарди Евра .
При тоа, тој истакна,  дека денес , во околу 3.000  Лоби организации , формирани во Брисел,   на застапување  на интересите на Клијентите  и членовите   , работат околу 16.500 професионални лобисти .
Од новите  земји ,членки на ЕУ , во Брисел се формирани  веќе 43 такви  Лоби организации .

Од земјите  кои потекнуваат  од  бивша  Југославија, во Брисел се  формирани   веќе   10 Лоби организации и тоа :   5  од Хрватска , 3  од Србија  и по една од БИХ и Црна гора.
Тргнувајки од потребата  на заштита на македонските интереси , Професор Цизељ, наведе дека Институтот  ЕЦПД за развојни студии во Скопје , кој постои веќе 5 години, неодамна  покрена Иницијатива , во Брисел  да се  формира  една модерна Лобистичка македонска  Канцеларија ,  со посебен акцент на  стопанството , развој на локалните заедници , научните  институции и други  организации  , со статус на Здружение од приватно јавен карактер .
Македонската  Канцеларија  ,која ќе има свое Преставништво во Скопје , се планира да работи под име : Мацедониан Брусселс Буреау , МББ (Македонско  - бриселско Биро)   и да започне со работа во јануари – фебруари  2009  та  година. 

Услугите на Македонско  - Бриселско Биро ќе  ги покриваат следните подрачја . 

(а)     Информациски услуги ;

(б)    Аналитичко –консултантски услуги ;

(ц)     Образовни  активности;

(д)    Промотивни  активности;

(е)     Лобистички услуги  во потесна  смисла ,

(ф)      Логистички  услуги .


Иницијативата за Формирање  на Македонско  - Бриселско Биро , која  се темели  на  9 – годишното  позитивно  искуство на словенечките лобистички  канцеларии , наиде веднаш на подршка  кај Македонската влада а  најавена е   финансиска подршка и  од одредени меѓународни  извори .
Иницијативата  ја подржаа  и   Стопанската Комора на Македонија и Сојузот на Стопанските  комори, неколку македонски kомпании: Стопанска банка АД,  Комерцијална банка АД, Алкалоид АД, Еурoлинк АД, ИЗИС и неколку факултети,  а интерес пројавија и преставниците на локалните  заедници.
 Со  цел  да обезбеди  од самиот почеток  успешно  давање на услугите на своите  основачи и членови , Канцеларија на Македонско  - бриселско Биро , ке ја има за Партнер и ке го користи повеќегодишното   искуство на Словенечката канцеларија во Брисел , во која има вработено 6  лица и која  работи од 1999.године.

Презентација

 








 

апликација за членство