Четврток 16 Октомври Промоција на ISO 14001: 2004
   Европската Бизнис Асоцијација, заедно со Сојузот на стопански комори на Македонија, Меѓународната Финансиска Корпорација (IFC -членка на Групацијата Светска Банка за развој на приватниот сектор) и Стопанската комора на Северо-западна Македонија Ве покануваат да учествувате на работилница за меѓународниот стандард...
за животна средина ISO 14001:2004 и промоција на брошурата: “Систем за управување со животната средина - ISO 14001:2004”.Во Скопје оваа Работилница ќе се одржи во Хотелот Александар Палас, со во Четврток, 20.11.2008.
Цел на работилницата
ISO 14001:2004 е насочен кон идентификација и оценка на прашањата врзани за аспектите на животната средина. Секој деловен субјект врши или има влијание врз животната средина. Секоја бизнис активност бара енергија и сите бизниси создаваат одредени емисии во околината. Денес во современи услови на делување, постојат многу притисоци врз бизнисите и посветеноста на оваа проблематика (заштита на животната средина) ја поставуваат како ИМПЕРАТИВ. Развојот на системот за управување со животната средина, треба да има цел остваривање на деловен успех. Тоа може да се случи како резултат на намалување на потенцијалните ризици од загадувањето, намалување на отпадот, подобри контроли на внатрешните процеси и заштеда на енергијата. Спред тоа, деталното преиспитување на заштитата на животната средина може да придонесе за долгорочни поволности за компанијата, и на тој начин ќе помогне да успее на она што се нарекува глобален и конкурентен пазар.
Кому му е наменета работилницата
Првенствено им е наменета на генералните менаџери, како и на оперативниот персонал и манаџерите за квалитет во претпријатијата во Македонија.
Пријава
Ве молиме доколку сте заинтересирани да го пријавите вашето учество најдоцна до 19.11.2008 година на следнава e-mail адреса: eba@eba.com.mk или на тел/факс: 02 3218-390. Контакт лице е Димитар Ристовски.
Агенда
12.00 – 12.15 Пријавување
12.15 – 12.30 Димитар Ристовски, Извршен директор на Европската бизнис асоцијација
12.30 – 13.00 Валентина Паскалова – Проект за Меѓународни стандарди и технички регулативи на IFC (Меѓународна финансиска корпорација)
13.00 – 14.00 Горан Саздов – екперт за ISO 14001:2004
14.00 – 14.30 Дискусија и прашања
14.30 – 15.00 Кафе пауза
Промоцијата исто така се одржува и во други градови во Македонија, за подетални информации....
Презентација во Гостивар
WBStorage/Files/Invitation ISO 14001 Gostivar 06.11.2008.doc
Презентација во Охрид
WBStorage/Files/Invitation ISO 14001 Ohrid 21.10.2008.doc
Презентација во Штип
WBStorage/Files/Invitation ISO 14001 Stip 07.11.2008.doc
Презентација во Тетово
WBStorage/Files/Invitation ISO 14001 Stip 07.11.2008.doc
|