-
Лобирање и претставување на интересите на членовите на ниво на Владата, како и на европско ниво, во однос на европските институции и организации;
-
Обезбедување на информации и советодавни услуги на членовите на бизнис заедницата за прашања од заеднички интерес, како на пример оданочувањето, работната сила, обука, правната регулатива за индустријата, заштитата на животната средина, пропагандата и истражување на пазарот;
-
Подготовка и промоција на аргументирани предлози пред Владата и Делегацијата на ЕУ, за разни прашања од областа на бизнисот и животната средина, со цел да помогне за економскиот и социјалниот развој на земјата и еколошката заштита;
-
Да создава можности за полесно деловно поврзување со компании од ЕУ и од трети земји и да организира разни социјални манифестации - можности за европската и локалналната бизнис заедница;
-
Обезбедува редовно информирање за промените кои влијаат врз бизнисот во земјата, преку организирање на работилници, семинари и други манифестации.
-
Учество во процесот на креирање на политика на ЕУ; преку воспоставување на ефикасни работни врски со Европската комисија и амбасадите на земјите членки на ЕУ во Скопје;
-
Да им асистира на претпријатијата (членови и други правни лица) за воспоставување на корисни деловни контакти и да обезбедува информации за деловните партнери во земјата и во Европа;
-
Истражувања и анализи за разните стопански сектори во земјата;
-
Помага на локалните претпријатија за настап на европскиот пазар;
-
Обезбедува информации и организира активности за странските инвеститори, со цел да го промовира приливот на инвестиции во земјата;
-
Им помага на компаниите членки, во надминувањето на определени проблеми;
-
Промовира транспарентност на економскиот развој.
-
Учествува во или соработува со меѓународни организации со слични цели и активности