Комисии на ЕБА
Годишна програма
Активни членови
Барање за членство
 
Европска Бизнис Асоцијација
Македонија © 2008
ЧЛЕНУВАЊЕ

Придобивки и предности од членувањето

Придобивките од членувањето произлегуваат од улогата и активностите на ЕБА. Филозофијата на ЕБА е да работи во интерес на сите членови и ова е силна причина за да се стане нејзин член.

Европската Бизнис Асоцијација ќе се обиде да ги обезбеди следните придобивки и предности за своите членови:

  • Заедничко застапување на интересите на членовите преку Европската Бизнис Асоцијација и во соработка со Делегацијата на ЕУ. ЕБА ќе вложува и ќе ги координира напорите за да се унапреди бизнис окружувањето преку застапување во однос на законската регулатива, како и преку промоција на интересите на одделните стопански сектори;

  • Унапредување на дијалогот и соработката со Владата и претставниците на ЕУ, како важен посредник и промотор на законски решенија, препораки за аспектите на економскиот развој, отстранување на бариерите во бизнисот или решавање на проблемите на компаниите -членки, зацртување на стојалиштата на Европската Бизнис Асоцијација;

  • Учество во меѓусекторските комитети и работни групи за клучните бизнис аспекти;

  • Можности за поврзување во земјата, во земјите на ЕУ, а покрај тоа и преку учество во разни деловни и социјални манифестации, како и во заеднички активности со други бизнис организации и поврзување на ЕБА низ светот;

  • Пристап до информациските ресурси на ЕБА и на ЕУ за разни бизнис бази на податоци, извештаи за земјата и за соработката со ЕУ, економската политика на ЕУ, ажурирани информации за промената на легислативата, специфични можности за потенцијалните инвеститори.

апликација за членство